Domasen
Развој на бренд ДОМАШЕН и дизајн на пакување.
Целта беше да се искреира модерен бренд којшто сепак во себе ќе носи нешто домашно и традиционално. Производите се наменети за американскиот и канадскиот пазар и се насочени кон потесна група на жители со потекло од балканот, но и поширока група на жители со локално потекло. Целта беше да се постигне баланс и брендот да комуницира со двете групи. Под капата на ДОМАШЕН влегуваат: Домашни компоти и слатка, конзервирани зеленчуци, намази од зеленчук.
Клиент: Макс Импортс, Детроит, САД




